Компанијата OnePlus официјално потврди дека ќе го претстави новиот смартфон OnePlus 11 на настан закажан за 7 февруари 2023 година.
Настанот наречен Cloud 11 ќе се одржи во Њу Делхи, а главната улога ќе ја има смартфонот OnePlus 11 5G, заедно со слушалките OnePlus Buds Pro 2.
Тизерот се совпаѓа со претходно објавените рендери и прикажува редизајниран модул за камера, додека портпаролот на компанијата Спенсер Бранк потврди дека камерите се „потпишани“ од Hasselblad и дека многу саканиот alert slider што недостасуваше во моделот OnePlus 10T се враќа.
Сè уште нема конкретни детали, тизерот ја содржи пораката „Witness the Shape by Power“ која веројатно има врска со полнењето, а се шпекулира и за брзо жично полнење од 100 W, процесор Snapdragon 8 Gen 2 и екран од 6,7 инчи со стапка на освежување од 120 Hz.
Овие спецификации не претставуваат некое посебно изненадување, но сепак треба да почекаме на 7-ми февруари за се да биде јасно. Со претставувањето на уредот во Индија, OnePlus покажува дека има големи надежи за продажба на своите паметни телефони на овој пазар. Сè уште има простор за раст, а OnePlus моментално е трет зад Apple и Samsung кога станува збор за уделот на пазарот на премиум паметни телефони.
Засега не е познато колку ќе чини новиот смартфон. Претходно претставениот модел OnePlus 10T чинеше 699 евра, додека OnePlus 10 Pro чинеше 899 евра. Истите цени беа поставени за OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro. Се очекува да биде достапен во две бои и тоа Forest Emerald и Volcanic Black.
Според предвидувањата, се очекува да има главна камера од 50 MP (Sony IMX890), ултра широка 48 (Sony IMX851), телефото од 32 MP (IMX709), како и селфи камера од 16 MP. До 16 GB RAM, наводно, ќе биде поврзан со споменатиот процесор, додека уредот ќе се напојува од батерија од 5.000 mAh.
Поврзани артикли