„Мајката“ компанија на Фејсбук, Мета објави дека отстранила стотици сметки поврзани со шпионски софтвер и компании поврзани со шпионирање минатата година.
Овие компании често продаваат шпионски софтвер на влади и други кои сакаат да собираат информации за корисници од висок профил.
Мета предупреди дека употребата на шпионски софтвер за неселективно таргетирање луѓе, вклучително и новинари и активисти, е постојана закана бидејќи инволвираните компании постојано се прилагодуваат и ги менуваат своите тактики.
„Нашето истражување за заканите покажува дека глобалната индустрија за надзор продолжува да расте и неселективно ги таргетира луѓето – вклучително новинари, активисти, парничари и политичка опозиција – со собирање разузнавачки информации, манипулирање и компромитирање на нивните уреди и сметки преку Интернет“, се вели во извештајот на Мета.
Компанијата вели дека презела акција против продавачите на шпионски софтвер во повеќе земји, вклучувајќи ги Кина, Русија, Израел и САД. Производите што ги продаваа овие фирми беа користени за таргетирање на корисници во приближно 200 земји низ светот.
Покрај оневозможувањето на овие сметки, Фејсбук соопшти дека ги споделил своите наоди со релевантните институции и безбедносните истражувачи, ги известил сторителите и ги предупредил корисниците кои можеби биле засегнати.
Поврзани артикли