Пристапот до социјалната мрежа Твитер беше оневозможен во текот на ноќта за некои корисници кои не можеа да се поврзат на нивниот профил или не можеа да се консултираат со некои сметки.
Веб-страницата Downdetector објави дека околу 10.000 корисници пријавиле проблеми со Твитер, а најголем број пријави имало околу 1:35 часот по средноевропско време, по што престанале да пристигнуваат. Степенот на прекинот сè уште не е познат, но новинарите на агенцијата Франс прес во Соединетите Американски Држави и Азија пријавија тешкотии при пристапот до нивните сметки.
Техничката грешка доаѓа во чувствителен момент за Твитер, кој е во превирања откако беше купен од Илон Маск за 44 милијарди долари кон крајот на октомври. Сестраниот претприемач отпушти голем број вработени, вклучувајќи го и техничкиот персонал на платформата.
Works for me
— Elon Musk (@elonmusk) December 29, 2022
Запрашан од еден корисник дали Твитер е „нарушен“, Маск одговори: „Мене ми работи“.
Significant backend server architecture changes rolled out. Twitter should feel faster.
— Elon Musk (@elonmusk) December 29, 2022
Поврзани артикли