Познат аналитичар сугерира дека Apple ќе го откаже или одложи масовното производство на планираниот телефон iPhone SE 4 за 2024 година.
Аналитичарот на Apple, Мингчи Куо, објави во серија твитови дека верува дека Apple ќе го одложи или целосно ќе се откаже од производството на следниот телефон iPhone SE.
(2/5)
as well as concerns that the full-screen design of the SE 4 will lead to an increase in higher costs/selling prices. As a result, Apple may need to reconsider the product positioning and return on investment for the SE 4.— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) December 21, 2022
Причината за оваа можна одлука на Apple е постојано ниската испорака на телефони од долниот и горниот среден сегмент, како што се iPhone SE 3, iPhone 13 mini, па дури и iPhone 14 Plus.
Куо истакнува дека дизајнот на цел екран, кој Apple го планира за iPhone SE 4, ќе бара зголемени трошоци, како и повисока продажна цена, што бара компанијата да ја преиспита позиционирањето на производот и профитот што телефонот би можел да го оствари.
Претходните гласини сугерираа дека iPhone SE 4 требаше да биде објавен во 2024 година, тој ќе има изглед сличен на моделот iPhone XR, со all-display дизајн. Беше споменат и 6,1-инчен LCD или OLED дисплеј, со исечок сличен на актуелните модели на iPhone 14.
Веќе некое време се појавија информации дека Apple ќе се фокусира на водечките модели на iPhone во 2023 и 2024 година.