Ривалството меѓу производителите на Android од една страна и Apple, како единствен претставник на iOS, е постојано присутно. Посебно е присутен помеѓу Samsung и Apple. Samsung во последните 2-3 месеци неколку пати ги провоцира Apple и iPhone, но изгледа тоа не им беше доволно.
Јужнокорејската компанија објави нова реклама со порака за корисниците на iPhone.
Samsung очигледно верува дека има многу луѓе кои се двоумат и не знаат дали да изберат Apple или Samsung.
Затоа компанијата објави нова реклама обидувајќи се да ги придобие оние кои се двоумат помеѓу Samsung и Apple.
Рекламата едноставно прикажува личност која седи на ограда, што би можело да претставува некаква пресвртница во однос на патот по кој ќе тргне, при што Samsung вели „Galaxy те чека“. Време е да се симнете од оградата и кога ќе го купите Samsung Galaxy Z Flip 4, очигледно е дека ќе го привлечете вниманието на корисниците на уредите на Apple заинтересирани за вашиот нов уред, се вели во рекламата.
Секако, целата поента на рекламата е дека Samsung има телефон со екран што се витка, а Apple нема.
Ова не е прв пат Samsung да го провоцира Apple. Исто така, се вели дека обожавателот на Apple од рекламата ќе мора да ги почека Galaxy Z Fold 5 и Z Fold 6, како и две генерации на Galaxy Z Flip, пред да пристигне флексибилниот уред на Apple.
Покрај тоа, Samsung го испровоцира Apple пред и по претставувањето на серијата iPhone 14. Во една од тие реклами беа прикажани Samsung Galaxy Z Fold 4 и Samsung Galaxy S22 Ultra со порака дека камерата со најдобра резолуција ќе биде во туѓ џеб, дека сите ќе се вртат кон телефонот, но не и iPhone.
Поврзани артикли