Компанијата Capcom го објави датумот на објавување на Street Fighter 6.
Street Fighter 6 ќе биде достапен за љубителите на франшизата од 2 јуни 2023 година, а нарачките се веќе отворени.
Покрај датумот на објавување на веројатно најреалистичната игра во серијата, Capcom го најави и доаѓањето на нови ликови. Покрај стариот боксер Ди Џеј, пристигнуваат и Џеј Пи, Манон и жестоката мускулеста Мариса.
Street Fighter 6 е опишан како игра која „секој може да ја игра“.
„Идејата беше да се направи игра која сите играчи ќе можат да ја играат и да прават кул работи и потези без да мораат да меморираат комплицирани комбинации на копчиња“, рече Ендрју Вебстер, кој претходно имаше шанса да го испроба демото за време на Summer Game Fest.
Поврзани артикли