Компанијата Oppo официјално го претстави својот нов флегшип смартфон, а тоа е Find X5 Pro.

Станува збор за смартфон наменет за пазарот во 2022 година, кој е наследник на минатогодишниот Find X3 Pro модел, кој беше одличен, па истото се очекува и од новиот уред.

Find X5 Pro има малку поинаков дизајн, задниот панел е изработен од керамика, а модулот на камерата има апстрактна форма и изгледа футуристички. Квалитетот на изработка на паметниот телефон е на високо ниво.

Во модулот се сместени главната и ултраширока IMX766 камера од 50 MP, како и телефото сензор од 13 MP, додека нема микроскопски камери со осветлување. Камерите се развиени во соработка со Hasselblad, а смартфонот има и MariSilicon X NPU на Oppo, единица за невронска обработка задолжена за подобрување на квалитетот на фотографиите и видеата, особено во ноќниот режим. Режимот 4K Ultra Night Video е достапен за снимање видео во ноќни услови со слаба осветленост.

Oppo X5 Pro доаѓа со 6,7-инчен OLED екран со 1.440p резолуција и стапка на освежување од 140Hz, а го покренува процесорот Snapdragon 8 Gen 1 на Qualcomm. За напојувањето е задолжена батерија од 5.000 mAh која поддржува брзо 80W и безжично полнење од 50W. Уредот е отпорен на вода и прашина според IP68 стандардот, а споменатиот процесор е спарен со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија.

Ќе биде достапна и стандардна X5 верзија на телефонот со Snapdragon 888 процесор, 8 GB RAM и помал OLED екран од 6,5 инчи со резолуција од 1.080p.

Цените ќе варираат во зависност од регионот.