Објавата која Лионел Меси ја сподели со своите следбеници на Инстаграм, забележа неверојатен рекорд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

По освојувањето на Светското првенство во Катар, Лионел Меси на Инстаграм објави фотографија на која го држи трофејот.

За помалку од 24 часа фотографијата стана најлајкувана на популарната платформа, а моментално има повеќе од 60 милиони лајкови.

Со ова објавата го престигна претходниот рекордер – сликата на јајце, која моментално има над 56 милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Egg Gang 🌎 (@world_record_egg)

Меси е главниот актер на уште две фотографии кои се многу популарни на Инстаграм.

Така е надминат бројот на лајкови на фотографијата на која Лео Меси и Кристијано Роналдо играат шах на ковчег од брендот Луј Витон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Интересна е и фотографијата на која Меси го држи трофејот од Мундијалот и е во автобус, а моментално има над 35 милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Како дел од објавата, Меси испрати порака до своите пријатели на Инстаграм кои бројат над 400 милиони:

„Светски шампиони! Често сонував за тоа, не верувам. Благодарам на моето семејство, на сите што ме поддржуваат и на сите што веруваа во нас. Покажавме дека сме способни да го постигнеме она што го зацртавме. Ова е силата на секој што се бори за истиот сон. И ова беше сонот на сите Аргентинци. Ние успеавме! Доаѓаме, Аргентина!“