Илон Маск објави дека Twitter во моментов развива софтверско ажурирање кое на корисниците ќе им овозможи пристап до алатка која јасно покажува дали се забранети/скриени (shadowbanned) на мрежата.
Терминот „shadowbanned“, кој се користи за овој статус, значи различни работи на различни сајтови. Тоа обично значи дека објавите на корисникот не се видливи за другите или дека вашиот профил не може лесно да се најде без ваше знаење.
Twitter is working on a software update that will show your true account status, so you know clearly if you’ve been shadowbanned, the reason why and how to appeal
— Elon Musk (@elonmusk) December 9, 2022
Маск посочува дека претстојната алатка ќе ја објасни причината зошто некој има скриен (shadowbanned) статус и ќе даде упатства како да поднесе жалба и да се врати во нормален статус.
Инстаграм неодамна објави ажурирање со слична функција, што им овозможува на корисниците да знаат дали моментално се блокирани кога станува збор за препораки.
Маск не кажа кога Twitter планира да ја имплементира новата функција.