Паметните звучници се еден од најголемите хитови на пазарот во моментов, а на чело на овој тренд се Amazon и Google, односно со уредите кои работат со Alexa и Google Assistant. Сепак, Amazon има желба да го разбие сегашниот модел, нудејќи им на производителите да ја интегрираат Alexa во … ламби.

Компанијата ги објави своите први упатства за вклучување на персоналниот асистент во паметни ламби со микрофон и звучник. Amazon дури демонстрира три различни верзии на светлечките тела за кои станува збор од три различни производители, кои користеле Aleха. Сите три модели имаат цилиндрична форма која добро ја познаваме од паметните звучници на Amazon.

Трите модели се одобрени од Amazon и може да се користат од други компании за распоредување на Aleха во нивните производи со сличен дизајн.

„Си претставуваме еден свет во кој Aleха е насекаде. Во овој свет може да влезете во собата и едноставно да разговарате со Aleха за да се добија најновите вести, да управувате со паметните уреди и да се забавувате без воопшто да допирате нешто“, велат од компанијата.