Технолошки експерт ги изненади корисниците на TikTok откривајќи дека iPhone може да се отклучува со помош на гласовни команди, функција за која многумина не ни знаеле дека постои.
Во видеото, техничар под корисничкото име hardreset.info сподели детални упатства за тоа како да го направите тоа. На почетокот, тој влезе во поставките, потоа во делот за пристапност, каде притисна гласовна контрола и ја одбра опцијата за прилагодување на командите.
Таму допира на опцијата „креирај нова команда“ и ги впишува зборовите „те молам отклучи го мојот телефон“. Потоа ја внесе лозинката и ги зачува промените. За да покаже дека работи, тој рече „те молам отклучи го мојот телефон“ и неговата лозинка автоматски беше внесена на екранот и телефонот беше отклучен.
@hardreset.info Siri will unlock your iPhone instead of you! #iphone #phone #phonetrick #lifehack #ios ♬ prolly my spookiest beat (slowed + reverb) – prodby668
Неговите следбеници беа воодушевени. „Веќе се гледам себеси како викам „Те молам отклучи го мојот телефон“ во воз“, „Неверојатни сте“, „Браво“, се само дел од коментарите на корисниците на TikTok.