Дроновите станаа редовна појава во светот. Нивниот развој толку напредува па постојат наменски видови на дронови, од тие кои пренесуваат поштенски пакети, до тие кои служат за разни снимања.

Меѓутоа, „SKEYE Pico Drone” претставува вистинска новост во тој сегмент, бидејќи станува збор за најмал дрон на светот. Многу е практичен и може да се носи во џеб.

Едноставен е за употреба и може да полета од дланка, а се благодарение на моторче вградено во него кое има три нивоа на силина.

Уште поинтересно е тоа дека овој дрон може да се смести во својот далечински управувач, заедно со резервните делови кои доаѓаат со него.