Pixel 7 и Pixel 7 Pro неодамна пристигнаа на пазарот, а веќе се појавуваат детали за следните два водечки паметни телефони на Google.

Германската веб-страница WinFuture ги објави првите детали за двата нови уреди на Google, со кодно име Husky и Shiba, наведени во јавно достапен изворен код. И двата уреди имаат нов „Zuma“ процесор кој би можел да биде наследник на Tensor G2 процесорот.

Со анализа на кодот, откриено е дека мобилните телефони со „имиња на кучиња“ користат оперативен систем Андроид 14, кој Google, барем изгледа, го именува по десертот „Upside Down Cake“. Ова ја продолжи традицијата на именување на верзиите на оперативниот систем Андроид по вкусни десерти.

Уредот со кодно име Shiba има екран со 2.268 x 1.080 пиксели, што е споредливо со дисплејот од 2.400 x 1.080 пиксели на Pixel 7, но Shipa има 12 GB RAM меморија во споредба со 8 GB на Pixel 7. Меѓутоа, во случај на поголемиот уред со кодно име Husky, има резолуција од 2.822×1.344 пиксели, што е нешто помалку од резолуцијата од 3.129×1.440 пиксели што ја има екранот на сегашниот модел Pixel 7 Pro.

Сепак, Pixel 7 Pro и Husky имаат по 12 GB RAM меморија. Процесорот Zuma треба да го содржи истиот Samsung G5300 5G модем што го има сегашниот Tensor G2 процесор.

Постоењето на хардвер во кодот не мора да значи дека сме го виделе првото навестување на Pixel 8 и Pixel 8 Pro или дури и можните Pixel 7A и Pixel 7A XL бидејќи тоа би можело да биде внатрешен тест на хардверот.

Уредите Pixel имаат историја на „протекување“ детали, па се очекуваат нови информации во наредниот период.