Уредот за мешана реалност (XR), на компанијата Apple, ќе биде во масовно производство од март 2023 година, како што објави DigiTimes.

Кинескиот производител Pegatron се очекува да биде главен снабдувач на уредот. Се очекува Apple да го претстави својот шлем XR за време на настан во април следната година, а најпрво се очекуваат лимитирани набавки на уредот.

Во извештајот се споменува дека меѓу 700.000 и 800.000 XR шлемови се очекува да бидат достапни во првата година, што е значително помалку од претходно предвидените 2,5 милиони уреди.

Apple веќе го заштити името Reality One, за кое се верува дека е поврзано со проектот на компанијата за шлем за мешана реалност.

Уредот Apple XR ќе биде премиум модел, а се споменува дека ќе чини околу 3000 долари. Сепак, треба да се истакне дека тоа е само шпекулација кога станува збор за неговата цена.

Уредот за мешана реалност (XR) е комбинација од виртуелна реалност (VR) и зголемена реалност (AR), ќе има опција за скенирање на очите за биометриска безбедност и плаќање.

Се споменува дека Apple XR ќе има дури 14 камери, од кои две ќе ги следат нозете, како и можност за поддршка за рачна контрола.