Роботите се уште се ретки во германските ресторани, но поради недостигот на персонал тоа може да се промени во иднина.
Ќе има повеќе машини, изјави Валентин Вајслемле (Weislämle) од Факултетот за дуално стручно образование во Баден-Виртемберг за ДПА.
Недостигот од кадар го забрзува ваквиот тренд, додаде Вајслемле, раководител на бизнис администрацијата за туризам, хотелиерство и угостителство.
Здружението на хотели и ресторани Дехога објави дека моментално во Германија има само неколку угостителски објекти кои работат со вакви уреди – на пример во регионот Алгау, во Бајројт и во Берлин.
Не се очекува дека сервисните роботи низ целата земја ќе станат замена за вработените, нагласи извршната директорка на Dehoga, Ингрид Хартгес.
Три ресторани во покраината Северна Рајна-Вестфалија рекоа дека машините не треба да го заменат сервисниот персонал, туку само да го олеснат.
Роботите главно се користат за транспорт на храна и садови.
Поврзани артикли