Институтот за технологија во Масачусетс со гордост соопшти дека роботот Mini Cheetah што го направија тамошните инженери е подобрен и сега може да прави салто наназад.

Ова сепак не е првиот робот што може да прави гимнастички потези и акробации. Роботот Atlas на компанијата Boston Dynamics лани скокаше по платформи и изведуваше вртење од 180 степени во скок. Но, Mini Cheetah е првото роботско куче што може да направи салто наназад.

Mini Cheetah е помала верзија на роботот Cheetah 3 произведен лани. Тежи околу 9 килограми и може да се движи со брзина од 2,45 метри во секунда.

Mini Cheetah, според мислењето на роботичарите, изгледа дружељубив многу повеќе од останатите робот-кучиња, бидејќи покрај салто, може да скока, се движи наназад или да си трча со сопствениците.

Додека робот-кучето Spot Mini на компанијата Boston Dynamics е производ кој луѓето навистина ќе можат да го купат, Mini Cheetah е само дел од истражувачкиот проект и нема да биде достапен во продажба.

Извор: Klix.ba