Google го објави првиот “developer preview” на претстојниот Android 13 оперативен систем.

Потребно е да се истакне дека се работи за прв увид во оперативниот систем и е наменет само за програмери. Првата бета верзија, која е наменета за јавноста, се очекува во текот на април, додека Android 13 во својата финална верзија се очекува по јули.

Во секој случај, имаме прилика да дознаеме што да очекуваме од Android 13 платформата.

Од новитетите, Android 13 се фокусира на приватноста и безбедноста, па тука е новиот “photo picker” систем за стандардизиран и оптимизиран начин на споделување локални и фотографии кои се складирани во облак, а сето тоа безбедно.

Новите ажурирања за Google Play ќе овозможат да се покријат повеќе Android екосистеми, Android, а во механизмот за надградба се додадени нови модули.

Потоа, апликациите ќе можат да откријат и да се поврзат со уредите во близина преку Wi-Fi конекција, без потреба за дозволи за локација.

Material You дизајнот, кој има алатка за динамична промена на боите, сега тоа го проширува на сите икони на апликациите во Android 13, а не само на Google Elements.

Тука се и некои други помали промени, а програмерите кои се заинтересирани да го испробаат Android 13 можат тука да најдат соодветни фајлови за компатибилните уреди.