Од денеска, 19 октомври, ќе можеме да возиме по балканските патишта во видео играта Euro Truck Simulator 2 на компјутер.

Помина долго време за оваа експанзија – всушност, поминаа повеќе од две години откако беше објавена последната, бидејќи онаа наречена „Heart of Russia“ беше откажана во меѓувреме (од очигледни причини).

Откриена е и детална мапа што ќе се најде во проширувањето.

Севкупно, мапата на Западен Балкан содржи 30 градови, а цената на новото проширување судејќи според некои од претходните, ќе биде околу 20 евра.