Вселенското летало Solar Dynamics Observatory на американската вселенска агенција НАСА го фотографирала „насмеаното“ Сонце.
НАСА објави одлична фотографија на која Сонцето се „смее“, а корисниците на социјалните мрежи порачаа и дека изгледа како издлабена тиква во духот на Ноќта на вештерките.
„Гледани во ултравиолетова светлина, овие темни дамки на Сонцето се познати како коронални дупки и претставуваат региони каде брзиот сончев ветер „исфрла“ во вселената“, соопшти НАСА. Познато е дека Сонцето постојано испраќа соларни ветрови во вселената, а овие геомагнетни бури понекогаш предизвикуваат дефекти на електричната мрежа на Земјата. Еден од случаите се случи во Канада во 1989 година.
Breaking! On Halloween Eve, @NASA captures a Giant Space Pumpkin!!! https://t.co/bG7RNSt50f
— Prof. Brian Keating (@DrBrianKeating) October 30, 2022
Ова не е прв пат вселенското летало Solar Dynamics Observatory да направи интересна фотографија од Сонцето. Во 2016 година, НАСА објави анимација на Сонцето како „прави салто“. Сликата е резултат на седумчасовен маневар што леталото го прави еднаш годишно со цел прецизно да го измери работ на Сонцето.
Поврзани артикли