Три камчиња кој од Месечината биле донесени на Земјата по советската лунарна мисија во 1970 година беа продадени во Њујорк за 855 илјади долари.

Овие камчиња се единствените примероци донесе од Месечината.

Тие по враќањето на „Луна 16“ на Земјата биле во сопственост на сопругата на таткото на советската вселенеска програма Сергеј Коровљев, кој починал во 1966 година.

Постигнатата сума е скоро двојно повисока од онаа за која камчињата биле продадени претходниот пат, исто така во организација на аукциската куќа Сотби.

Овие примероци се единствените донесени од Месечината, а кои не се во сопственост на некоја држава.

САД немаа испратено мисија на Месечината од 1972, додека Русија од 1976 година.

НАСА сака до 2023 година повторно на Месечината да испрати свој екипаж, додека Кина има амбиција да изгради база на Месечината.