Создаден е интересен концепт, кој покажува што понапредните корисници на Windows би сакале Microsoft да имплементира во нивниот оперативен систем.

Windows Vista не се смета за една од подобрите верзии на Windows, а тоа некогаш најмногу се припишуваше на бараниот модерен хардвер, кој во тоа време беше потребен за извршување на една од главните функции на овој оперативен систем – Aero Glass.

На споменатата функција не и беше посветено многу внимание во подоцнежните верзии на Windows, но нејзините контури и делови од дизајнот останаа во поновите верзии на оперативниот систем.

За жал, бројните повратни информации и желби на корисниците не ја принудија една од најбогатите компании во светот да ги исправи недоследностите во корисничкиот интерфејс на својот оперативен систем.

Затоа таа работа е препуштена на ентузијастите, љубителите на платформата, кои создаваат концепти за тоа што би сакале Microsoft да им понуди на своите корисници.

Корисникот на DeviantArt, со прекар „Abdi4789“, го комбинираше прекрасниот Aero Glass со принципите на дизајнот на Windows 11 Fluent и го објави проектот на својот канал на YouTube.

Проектот имплементира некои од идеите што ги направија претходните верзии на Windows исклучителни (десктоп виџети, подобрен File Explorer, вратен Media Center и многу повеќе).