LG е иновативна компанија и преферира самата да се пробива на пазарот, не следејќи ги трендовите. Додека другите производители ги преферираат флексибилните телефони, LG пристигнува со ротирачки екран.

Популарниот Зак, од YouTube каналот JerryRigEverything одлучи да погледне во внатрешноста на иновативниот уред и да види од кои елементи се состои и како фунцкионира ротирачкиот дисплеј на LG Wing.

Дизајнот на уредот создаде некои единствени пречки при обидите за расклопување. LG користел вид на лубрикантна пластика, за да обезбеди движењата на ротација да бидат флуидни. Исто така, двете половина се малку вдлабнати што спречува меѓу нив да се собира нечистотија и честички, а спречува и гребење на секундарниот дисплеј.

LG го тестирал ротирачкиот механизам на Wing и истакнува дека може да издржи барем 200. 000 циклуси. Самиот механизам користи шарка во „О“ облик, која овозможува гумениот кабел да поминува низ средината и да го напојува главниот дисплеј.

Потребно е да се истакне дека Зак расклопи модел од пред-производство, а најави дека својот традиционален тест на издржливост ќе го има конкрентниот LG Wing од малопродажбата.