16 апликации со вкупно повеќе од 20 милиони преземања се отстранети од продавницата за апликации на Google Play за Android поради измама со огласи.
Малициозен софтвер Clicker бил скриен во навидум безопасни апликации како што се апликација за камера, конвертор на валута, читач на QR код, апликација за белешки, речници и слично, според фирмата за сајбер безбедност McAfee, која ги открила и потоа ги пријавила овие апликации на Google.
Google ги отстрани следниве апликации од Play Store:
High-Speed Camera (com.hantor.CozyCamera) – над 10.000.000 преземања
Smart Task Manager (com.james.SmartTaskManager) – над 5.000.000 преземања
Flashlight+ (kr.caramel.flash_plus) – над 1.000.000 преземања
달력메모장 (com.smh.memocalendar) – над 1.000.000 преземања
K-Dictionary (com.joysoft.wordBook) – над 1.000.000 преземања
BusanBus (com.kmshack.BusanBus) – над 1.000.000 преземања
Flashlight+ (com.candlencom.candleprotest) – над 500.000 преземања
Quick Note (com.movinapp.quicknote) – над 500.000 преземања
Currency Converter (com.smartwho.SmartCurrencyConverter) – над 500.000 преземања
Joycode (com.joysoft.barcode) – над 100.000 преземања
EzDica (com.joysoft.ezdica) – над 100.000 преземања
Instagram Profile Downloader (com.schedulezero.instapp) – над 100.000 преземања
Ez Notes (com.meek.tingboard) – над 100.000 преземања
손전등 (com.candlencom.flashlite) – над 1000 преземања
계산기 (com.doubleline.calcul) – над 100 преземања
Flashlight+ (com.dev.imagevault) – над 100 преземања
Кога една од овие апликации е инсталирана и стартувана на уред, злонамерниот софтвер Clicker скриен во апликацијата посетува лажни веб-сајтови и симулира кликнување на реклами без знаење на корисникот. Ова може да доведе до „висок мрежен сообраќај и потрошувачка на енергија“ без жртвата воопшто да забележи. За тоа време, малициозниот софтвер заработува пари за оние кои го дистрибуираат.
За да се прикријат вистинските намери, се зема предвид времето за инсталирање на апликацијата за да не се случи сомнителната активност во првиот час од преземањето на апликацијата.
Пред два месеци, McAfee откри уште десетина Android adware апликации во Google Play Store, кои содржеа малициозен софтвер наречен HiddenAds. За да ги видат рекламите, корисниците не треба да ги стартуваат заразените апликации, бидејќи малициозниот софтвер HiddenAds се активира автоматски без никаква интеракција.
Поврзани артикли