Во април WhatsApp додаде можност за реагирање на пораки, а оттогаш се очекуваше и опцијата за реагирање на WhatsApp Status. Споменатата функција сега е конечно достапна.

Популарната апликација за пораки објави ажурирање за корисниците на Android и iOS, што ја овозможува опцијата „Status Reactions“. Ова е слично на тоа како реагираат корисниците на Инстаграм Stories или Facebook Stories.

Засега има осум опции за емотикони од кои можете да изберете за реакцијата. Станува збор за смешковци – со очи во облик на срце, смајли што плаче од смеа, изненадено смајли, плачко, како и емотикони „high five“ или споени раце, плескање со раце, „Party Popper“ и 100 поени.

Опцијата е моментално достапна и наскоро треба да биде достапна за сите. Се очекува WhatsApp наскоро да им дозволи на корисниците да реагираат на WhatsApp Status со какви било емотикони.