Компанијата Alphabet, во чија сопственост е Google и други компании поврзани со Google, најави дека ќе воведе нови безбедносни карактеристики на платформата за одржување видео конференции Meet, со цел да се спречи учеството на непоканети корисници, пренесува Reuters.

Компанијата објави дека на домаќините на конференцијата ќе им се даде поголемо право на контрола врз изборот на учесници, а исто така ќе бидат воведени и други иновации, како што е опцијата за блокирање на учеството на оние корисници кои не се најавени на својот профил на Google.

На пример, ако на некого повеќе пати му биде одбиен пристап до конференција, тој корисник автоматски ќе биде блокиран и нема да може да испрати повеќе барања за учество.

Alfabet се одлучи да воведе нови безбедносни функции на споменатата платформа, со оглед на огромната употреба на услуги за видео конференции, поради мерките за карантин и социјално дистанцирање за време на пандемијата.

Извор: B92.net