Компанијата Google работи со креаторите на содржини за да става на црна листа сајтовите што ги прекршуваат авторските права пред алгоритмите на Google да можат да ги индексираат.

Оваа кампања покажа дека гигантот за пребарување отстрани шест милијарди URL-адреса и резултати од пребарување поврзани со пиратски материјал во последните десет години.

Google редовно добива барања за отстранување на наводните пиратски сајтови и линкови од својот индекс за пребарување. Компанијата ги одобрува таквите барања по внимателно разгледување на нивната валидност.

Досега, Google примил 6.006.830.816 барања за отстранување од 326.888 сопственици на авторски права. Од тој број, мнозинството барања биле одобрени. Интересно е што од над шест милијарди резултати, повеќе од четири милијарди од нив беа домени од премиум сегментот.

Интересно е и тоа што околу 41 процент од линковите отстранети од Google се наоѓаат на само 400 пиратски домени. Со други зборови, речиси половина од отстранетата содржина е од сајтови кои редовно поставуваат содржини со прекршување, како што е The Pirate Bay.

Споменатата статистика покажува дека најпопуларниот пребарувач, но и една од најголемите светски компании, има позитивни односи со креаторите на содржини и со сопствениците на авторските права.

Тоа претставува голем пресврт во бизнисот на Google во споредба со некои минати времиња кога компанијата активно се спротивставуваше на ограничувањата за индексирање на веб-локации од трети страни, наведувајќи го „слободниот пристап до информации“ на интернет.