Предупредувањето се однесува на апликации, кои се маскирани како „забавни и корисни“, а всушност ги крадат лозинките на корисниците.
Мета издаде предупредување до милион корисници на Фејсбук дека информациите за нивната сметка можеби биле компромитирани од надворешни апликации на продавниците на Google и Apple.
Во новиот извештај, безбедносните истражувачи од Мета идентификуваа повеќе од 400 малициозни апликации дизајнирани да украдат ингеренции од сметките на корисниците на Фејсбук.
Се вели дека апликациите се маскирани како „забавни и корисни“ услуги, како што се програми за едитирање на фотографии, апликации за камера, VPN услуги, хороскопи и фитнес тракери.
Апликациите често бараат од корисниците да се логираат со нивната сметка на Facebook пред да пристапат до ветените функции. Сепак, ова е само средство за кражба на информациите на корисниците на Facebook.
Исто така, се истакнува дека голем број од овие апликации едвај биле функционални пред да се најави корисникот, а многумина не нуделе функции дури и по логирањето.
Мета ги информираше и Apple и Google за оваа ситуација, така што сега останува на нивните продавници за апликации да обезбедат отстранување на малициозниот софтвер.
Во меѓувреме, Фејсбук испраќа милион предупредувања до корисниците кои можеби имале контакт со овие апликации, препорачувајќи им да ги променат лозинките.
Поврзани артикли