Иако сме навикнати социјалните мрежи да го копираат TikTok, сега оваа платформа го копира и Instagram.
Станува збор за нов режим наречен Photo Mode, кој им овозможува на корисниците на TikTok да споделуваат повеќе фотографии во една објава, а исто така го зголемува бројот на знаци за описот на 2.200.
Новите објави на фотографии, кои може да вклучуваат музика, ќе се појават на „For You Page“ покрај клиповите. „TikTok“ рече дека се надеваат дека Photo Mode, во комбинација со зголемениот број на знаци, ќе им овозможи на креаторите „да се изразат себеси и подлабоко да се поврзат со другите“.
Но, Photo Mode, исто така, ја прави For You Page повеќе слична на Instagram на начин што не е баш креативен. Креаторите веќе ја користат оваа функција за споделување „рециклирани“ текстуални мемиња и други содржини кои често се популарни токму на Instagram.
Фактот дека TikTok сега ја копира оригиналната функција на Instagram е особено интересен бидејќи Instagram се мачи со ангажман во случајот со својот клон на TikTok, а тоа е Reels. Волстрит журнал неодамна објави дека TikTok е далеку пред Instagram Reels во дневната гледаност.
Поврзани артикли