Со оглед на тоа што Microsoft наскоро ќе стане сопственик на Activision Blizzard, се очекуваше дека ќе видиме некоја најава во врска со франшизата Diablo за време на настанот Summer Game Fest, што и се случи.

Уште од 2019 година знаеме дека доаѓа директно продолжение на франшизата, а сега добивме уште еден подлабок увид во Diablo IV. Играта се очекува во одреден момент во текот на 2023 година.

Програмерите ветуваат различен вид на Diablo игра, со можност за истражување на отворениот свет, подобро приспособување на ликовите и опција за промена на стилот на игра преку различни вештини. Друга класа, која е потврдена, е Necromancer.

Ако играчот исчисти некоја област од зло, тој ќе ја претвори во пријателска област погодна за трговија и се друго што не вклучува уништување чудовишта. Се очекуваат и посебни зони за PvP дуели, како и прилагодлива тежина каде талентираните играчи ќе бидат „означени“ за PvP на отворениот свет.

Издавањето на новата игра Diablo не може да пристигне во подобро време. Новиот Diablo го немаме видено во последните 10 години, не сметајќи го Diablo Immortal, кој неодамна пристигна на мобилни уреди.