Американската астронаутка Никол Ман (45) стана првата домородна Американка која отпатува во вселената.
Ман е дел од четиричлениот екипаж кој отпатува до Меѓународната вселенска станица, а ракетата Фалкон 9 на SpaceX е лансирана од Флорида.
Астронаутот за Би-Би-Си пред патувањето изјави дека се надева дека мисијата ќе ги инспирира идните генерации на домородните Американци да ги следат нивните соништа.
Таа е припадник на племето Ваилацки, а во текот на нејзината кариера има акумулирано големо искуство со летање со различни авиони на американските маринци. Добитничка е на шест службени медали и служела во Ирак и Авганистан. Таа ја заврши обуката за астронаути во 2015 година и оттогаш ја чека својата шанса да патува во вселената. Таа претходно беше на списокот за патување со капсулата Starliner на Боинг, но имаше одложувања, па НАСА ја префрли во мисијата Crew 5.
Екипажот на мисијата Crew 5 барем привремено ќе го зголеми бројот на луѓе на ISS на 14.
Астронаутот Џон Касада, Јапонецот Коичи Ваката и руската космонаутка Ана Кикина отпатуваа со Ман до ISS.
Кикина е единствената жена меѓу руските космонаути, а нејзиното присуство претставува продолжување на договорот меѓу Русија и САД. Двете земји ветија дека ќе испратат екипажи во орбитата и покрај тензиите околу руската инвазија на Украина.
Ман, Касада и Кикина никогаш претходно не биле во вселената, додека Ваката е искусен и веќе четири пати патувал.
Членовите на Crew 5 ќе помине шест месеци на ISS, додека екипажот на Crew 4 се враќа дома на 12 октомври.