Компанијата Vivo продолжува да се пробива на пазарот на смартфони на преклопување и го претстави моделот X Fold Plus.
Уредот се напојува со Snapdragon 8+ Gen 1, кој троши помалку енергија и има 10 проценти подобри перформанси. Батеријата е исто така поголема така што нејзиниот капацитет е 4.730 наместо 4.600 mAh што ги има стандардниот модел. Во комбинација со новиот процесор, батеријата би требало да трае речиси два часа подолго при гледање видеа.
Поддржано е побрзо полнење од 80 W (66 W за стандардниот модел), така што батеријата може да се наполни до 70 проценти капацитет за 18 минути, а целосно да се наполни за 35 минути. Безжичното полнење сè уште е ограничено на 50 W.
X Fold 8 Plus има 8-инчен преклопен екран со формат 4:3,55, кој е заштитен со Ultra Thin Glass, а има и LTPO панел (1-120 Hz). Надворешниот 6,53-инчен екран од 21:9 има интегриран ултразвучен сензор за отпечатоци.
Шарка овозможува уредот да се отвора под неколку агли, што е корисно за видео повици и гледање мултимедијални содржини. Vivo ги подобри и звучниците за звукот да биде јасен и гласен на споменатите начини на користење.
На задната страна е главната камера од 50 MP, ултра-широка од 48 и два телефото модули, еден од 12 MP за портрети, како и една перископска камера од 8 MP со 5x зголемување (60x дигитален зум) и оптичка стабилизација на сликата.
Достапна е и новата Haxia црвена боја, а достапна е и во сина и црна боја. Vivo подготви и заштитни маски од имитација на кожа во боите на уредот.
Vivo X Fold Plus со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 1.450 евра во Кина, додека верзијата со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 1.593 евра.
Поврзани артикли