Uber соопшти дека спроведува истрага за „cyber-безбедносен инцидент“ откако се појавија информации за хакирање на внатрешните системи на компанијата.

Uber, наводно, бил хакиран од 18-годишник, кој добил администраторски пристап до алатките на компанијата, вклучувајќи ги веб-услугите на Amazon и Google Cloud Platform. New York Times објави дека Uber затворил неколку свои внатрешни системи, вклучително и Slack, додека го истражува случајот.

Uber не одговори на прашањата на медиумите, но преку Твитер потврди дека истрагата е во тек и дека соработува со полицијата.

Наводно, хакерот им се „јавил“ на вработените во Uber објавувајќи порака во внатрешниот систем на Slack. Тој потоа навел доверливи информации за компанијата со хаштаг дека Uber им плаќа малку на своите возачи.

Многу вработени првично мислеа дека се работи за шега, па дури и оставија различни емотикони на објавата на хакерот. Еден од вработените му рекол на експертот за безбедност Сем Кари дека вработените комуницирале со хакерот верувајќи дека сето тоа е шега.

Хакерот потврдил за New York Times дека има 18 години и дека го хакирал Uber од забава и дека размислувал да го објави изворниот код на компанијата.