Се чини дека Apple нема никакви планови да го реши проблемот со green bubbles „зелените облачиња“ во скоро време.
За време на 2022 Code Conference настанот, Тим Кук одговори на новинарско прашање за RCS текстуалните пораки со тоа што му предложи да купи iPhone.
На прашањето како Apple може да ја подобри комуникацијата помеѓу корисниците на iPhone и Android, Кук рече: „Не гледам дека нашите клиенти бараат од нас да трошиме премногу енергија на тоа“.
Кога репортерот одговорил дека не може да и испрати одредено видео на мајка му, која користи Андроид, Кук на шега одговорил: „Купете ѝ на вашата мајка iPhone“.
Ова сигурно ќе додаде гориво на тековната дебата за стандардите за испраќање пораки преку телефон.
Google долго време го промовираше RCS (Rich Communications Service) како начин да овозможи подобра интероперабилност помеѓу корисниците на Android и iOS. Ова би требало да помогне да се елиминираат „зелените облачиња“ што ги гледаат корисниците на iPhone секогаш кога добиваат текстуална порака од телефон со Android.
Apple размислуваше да им понуди iMessage на корисниците на Android, но брзо се откажа од идејата, наведувајќи дека пренесувањето на услугата iMessage на Android повеќе ќе и наштети на компанијата отколку што ќе помогне.
Проблемот со „зелените меурчиња“ е претежно проблем што го доживуваат американските корисници, бидејќи корисниците во други земји претпочитаат апликации кои не се базирани на СМС, како што се Telegram, WhatsApp и Signal.
Поврзани артикли