Компанијата Apple денеска претстави нов iPad кој по многу работи е сличен на претходните верзии, но кој исто така се истакнува по интересни детали поради кои многумина ќе сакаат да го купат.

Се работи за класично дизајниран 9,7-инчен уред кој се одликува со стандардните дебели рамки, Touch ID, но и поддршката за Apple Pencil, кој досега можеше да биде користен во Pro линијата. Токму поради моливчето, целната публика се студентите и учениците.

Побрз е од својот претходник бидејќи го користи A10 процесорот на Apple, а батеријата му трае околу 10 часа. Поддржува креирање на видео во 1080p резолуција преку 8-мегапикселната камера.

Уредот чини 329 долари, што во Европа би можело да се претвори во цена од околу 400 евра, со оглед на увозните такси. За училиштата пак, новиот таблет ќе се продава по уште попристапна цена од 299 долари.