Изгледот на рачната конзола за cloud игри на Logitech е откриен неколку недели откако компанијата навести дека работи на нов уред.
Logitech G и Tencent Games ги потврдија плановите за рачна гејмерска конзола претходно овој месец, при што познатиот дојавувач на Twitter, Evan Blass, објави фотографии од конзолата кои откриваат дека има пристап до Google Play Store, како и поддршка за Xbox Cloud Gaming и Nvidia GeForce Now услугата.
Logitech G Gaming Handheld е приближно со иста големина како и конзолата на Nintendo’s Switch, па дури користи сличен интерфејс за прегледување на апликации и игри. Една фотографија ги прикажува апликациите Chrome и YouTube, како и иконите Xbox, Nvidia и Steam. Откако Blass ги објави фотографиите, Logitech брзо поднесе жалба за отстранување на фотографиите од Twitter, со што ја „потврди“ автентичноста на уредот.
Пристапот до продавницата на Google Play значи дека конзолата треба да може да ги извршува најновите мобилни игри и треба да биде фокусирана на cloud гејминг. Logitech никогаш не ја спомна поддршката за Android претходно овој месец, наместо тоа се фокусираше на поддршка за различни cloud gaming сервиси.
Белата конзола има две аналогни стапчиња, D-Pad, како и копчиња Y, B, A и X. Има и четири копчиња напред, Logitech, home, menu и context menu копче. Исто така, има две bumper копчиња и две копчиња за пукање, исто како и повеќето модерни контролери.
Сè уште не е јасно колкав ќе биде екранот на конзолата на Logitech, но една фотографија открива потенцијално копче за исклучување звук и слот за microSD за проширување на меморијата.
Конзолата на Logitech би можела да биде првата што ќе ја користи новата платформа G3x на Qualcomm. Најавен минатата година, чипот G3x е дизајниран за рачни конзоли како Steam Deck и Switch, и има Adreno GPU единица способна да ги извршува најновите мобилни игри.
Досега, само developer kit уредот на Razer е виден дека користи G3x, заедно со 6,65-инчен OLED дисплеј со стапка на освежување од 120 Hz.
Logitech ќе ја претстави конзолата подоцна оваа година, а фотографиите се појавија неколку месеци откако Valve го претстави својот Steam Deck кој ги трансформираше игрите на компјутер. Steam Deck поддржува cloud gaming услуги, како што се Stadia и Xbox Cloud Gaming, но дефинитивно има простор за алтернатива на Android што може да придвижува cloud игри и не зависи од мобилен телефон.