Во текот на април ги слушнавме првите информации за претстојниот Motorola One Fusion+ телефон, а недолго потоа се појавија наводните спецификации на уредот. Сега смартфонот е забележан на YouTube Device Report страницата, со некои спецификации и датумот на објава.

Motorola One Fusion+ ќе има 6.5-инчен FHD дисплеј, а ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 730 чипсет. Батеријата ќе има капацитет од 5000mAh, а за софтверската поддршка ќе биде задолжен Android 10. Телефонот е прикажан за објава во текот на јуни, што одговара на претходно протечените информации.

Сајтот XDA-Developers ги објави и рендерите за Motorola One Fusion+, кои прикажуваат четири камери на задната страна, како и дисплеј без засек.