Патниците на крузерите на компанијата Royal Caribbean, која исто така управува со Celebrity Cruises и Silversea Cruises, наскоро ќе имаат пристап до сателитскиот интернет Starlink на SpaceX.
Royal Caribbean потврди дека ќе ја опреми својата флота од крузери со технологијата Starlink за патниците да можат да користат побрз и посигурен интернет. Тестирањето е веќе направено на еден од бродовите за крстарење во текот на летото, а првиот брод за крстарење кој официјално нуди Starlink интернет е Celebrity Beyond. Компанијата очекува услугата да биде достапна на сите бродови за крстарење до првиот квартал на 2023 година.
Во соопштението на Royal Caribbean немаше технички детали како што е бројот на антени Starlink, но компанијата вети дека интернетот ќе биде доволно брз за користење на услуги за стриминг и за остварување видео повици.
Интернет-услугата на SpaceX, фокусирана на бродови, наречена Starlink Maritime, е релативно нова и моментално ги покрива само крајбрежните води во делови од Северна и Јужна Америка, вклучувајќи ги Карибите, како и Европа, Австралија и Нов Зеланд, но планира да ги покрие светските океани до првиот квартал од 2023 година.
SpaceX има многу работа со Starlink, вклучително и соработка со Hawaiian Airlines и чартер компанијата JSX за да им понуди на патниците интернет за време на летот. Авиокомпанијата „Делта“ сака да ја обезбеди истата услуга. Исто така, SpaceX претходно лансираше Интернет услуга за кампери.
Поврзани артикли