Концернот „Калашников“ го претстави паметното оружје MP-155 Ultima, соопштува ТАСС.

Официјалната најава на оружјето со паметни функции се случи на форумот „Армија 2021“. Во соопштението на концернот се вели дека MP-155 Ultima доби персонален компјутер базиран на „Андроид“, кој е радикално редизајниран од специјалисти. „Дизајнот исто така беше адаптиран и за можноста за користење на оружјето со одвоив кундак – само со ракофатот“, истакна Валентина Власенко, раководител на конструкторскиот центар за цивилно мало оружје на „Калашников“, пренесува „Лента“.

Концернот исто така ја наведе и цената на новото оружје. MP-155 Ultima е достапен во онлајн-продавницата на компанијата со претходна нарачка. Неговата вредност е 130000 рубли. „Новиот модел ја комбинира сигурноста на докажаниот полуавтомат MP-155, ултрасовремениот дизајн и технологијата за компатибилност со уреди“, стои во описот на производот.

Малото оружје е создадено врз база на МР-155 со мазна цевка. Моделот има монохроматски дисплеј со избор на режим – „Камера“, „Стрелба“, „Компас“ и друго. Може да се поврзе со паметен телефон преку Bluetooth и Wi-Fi.

Неофицијалната најава на новиот пиштол се одржа во август 2020 година. Претставниците на „Калашников“ изјавија дека MP-155 Ultima е „првиот паметен пиштол со иновативен дизајн“.

Извор: Russia Beyond