Сопственикот на Tesla, Илон Маск, изјави дека неговата цел е неговата компанија до крајот на годината да ја развие технологијата што ќе му овозможи на електричниот автомобил да се контролира сам додека вози и дека ќе може да биде на продажба во САД, веројатно и во Европа, во зависност од одобрението на регулаторните тела.
„Двете технологии на кои сум фокусиран, а кои се обидувам да ги завршам пред крајот на годината, се да ја испратиме нашата ракета во орбитата, а потоа да направиме автомобили на Тесла што ќе можат да возат автоматски“, рече Маск на конференцијата за енергија во Ставангер, Норвешка, објави Ројтерс.
Тој, меѓу другото, рече дека неговата цел е до 2025 година повторно да има човек на Месечината.
Запрашан дали Норвешка треба да продолжи со дупчење за гас и нафта, Маск рече дека во овој момент се потребни дополнителни истражувања.
„Еден од најголемите предизвици со кои се соочил светот е транзицијата кон одржлива енергија и одржлива економија. Ќе бидат потребни децении за да се постигне тоа“, рече Маск.
Поврзани артикли