Во неделата, НАСА објави аудио снимка од вистински звучни бранови кои произлегуваат од супермасивната црна дупка во центарот на јатото галаксија Персеј, оддалечено повеќе од 200 милиони светлосни години.
Звукот е уреден така што човечките уши можат да го слушнат. НАСА го помеша со „други податоци“ и ги засили, велејќи дека идејата дека нема звук во вселената е заблуда.
The misconception that there is no sound in space originates because most space is a ~vacuum, providing no way for sound waves to travel. A galaxy cluster has so much gas that we’ve picked up actual sound. Here it’s amplified, and mixed with other data, to hear a black hole! pic.twitter.com/RobcZs7F9e
— NASA Exoplanets (@NASAExoplanets) August 21, 2022
„Заблудата дека нема звук во вселената произлегува од фактот дека поголемиот дел од вселената е вакуум, кој не обезбедува начин за патување на звучните бранови“, напиша НАСА на Твитер.
„Јатото галаксии има толку многу гас што го снимивме вистинскиот звук. Овде тој се засилува и се меша со други податоци за да се слушне црната дупка!“, се вели во него.
Снимката, која звучи нешто како космичко режење или застрашувачки тунел за ветер, го привлече вниманието на интернетот, а многумина велат дека звучи токму како што замислиле дека ќе звучи супермасивна црна дупка.
Поврзани артикли