Компанијата Google развива алатка која ќе ви овозможи да „архивирате“ одредени апликации со цел да ослободите простор или меморија на уредот.

Google најави дека секоја апликација со опција за архивирање ќе овозможи делумно деинсталирање, така што ќе биде намалена до 60 проценти без целосно да се отстрани од уредот.

Ова ќе го овозможи новиот APK (Android Package), кој инаку овозможува апликацијата да работи на уредот. Архивираниот APK е многу помал и ги складира сите податоци додека корисникот не одлучи да ја врати, а потоа апликацијата се враќа во нејзината оригинална големина.

Функцијата ќе биде достапна за програмерите со доаѓањето на Bundletool 1.10, но нема да биде оперативна додека Google не ја направи достапна за сите подоцна оваа година.

Засега не е познато како функцијата ќе биде претставена на Android. Можно е дека ќе биде прикажана со опцијата за деинсталирање по долго притискање на иконата на апликацијата, но едно е сигурно, ќе биде корисно за секој што има инсталирано многу апликации на уредот што ретко или никогаш не ги користи, но сепак не сакаат да се откаже од нив.

На овој начин ќе можат да ги задржат, но во исто време да ослободат дополнителна меморија. Архивирањето и обновувањето на апликацијата ќе биде побрз процес од реинсталацијата, а потрошувачката на мобилни податоци исто така ќе биде помала кога Wi-Fi не е достапен.