Ioniq 5 е прогласен и за најдобар електричен автомобил, како и за најдобро дизајниран модел.

Во пресрет на почетокот на автомобилскиот саем во Њујорк беше прогласен „Светски автомобил на годината 2022“, а беа објавени и имињата на победниците во неколку поткатегории.

Годинешниот избор за престижната награда го одбележа електричниот Hyundai Ioniq 5, кој покрај главната освои две странични награди – за најдобро дизајниран автомобил и за најдобар електричен модел.

За победниците одлучуваше меѓународно жири составено од автомобилски новинари, а Ioniq 5 триумфираше пред исто така електричните автомобили, Ford Mustang Mach-E и Kia EV6 (кој дели механичка платформа со возилото на Hyundai).

Како што е наведено, Hyundai Ioniq 5 е прогласен и за најдобар електричен автомобил на годината, пред Audi e-tron GT и Mercedes EQS.

Корејскиот модел ја освои третата награда во областа на дизајнот, а во конкуренција беа Audi e-tron GT и Kia EV6.

Во рамките на изборот за Светски автомобил на годината беа доделени награди за најдобар спортски модел, најдобар луксузен и најдобар урбан автомобил на годината.

Во првата категорија победи електричниот Audi e-tron GT, пред BMW M3 / M4 и сестринските модели Toyota GR86 / Subaru BRZ.

Најдобар луксузен автомобил е и електричниот Mercedes EQS, а во конкуренција беа и BMW iX и Genesis GV70.

На крајот, Toyota Yaris Cross беше прогласен за најдобар урбан автомобил, пред Opel Mokka и Volkswagen Taigun.

Годинешниот избор за Светски автомобил на годината го одбележа доминацијата на електричните модели во речиси сите категории.