Основачот на SpaceX, Илон Маск, покани истражувачи и специјалисти за интернет безбедност да ја хакираат неговата сателитска интернет мрежа Starlink и понуди награда од 25.000 долари.
Маск вети парична награда за оној што ќе најде начин да ја хакира Starlink и да ја пријави грешката во SpaceX. Како што знаете, оваа компанија се занимава со лансирање ракети и испраќање товар, сателити и астронаути во вселената, а исто така обезбедува сателитска Интернет услуга преку својата мрежа Starlink. Маск и помогна на Украина да користи Интернет откако Русија ја нападна нејзината мрежа.
Starlink постојано се проширува и станува достапен во се повеќе земји, што значи дека има се повеќе корисници, но со испораката на терминалите ја губи контролата врз начинот на користење и евентуалната злоупотреба за да добие пристап до мрежата.
Неодамна се појавија информации дека евтин модчип може да се користи за хакирање на Starlink’s Dishy и активирање на дефект што им овозможува на хакерите да пристапат до заклучени делови од системот. Извештаите велат дека модчипот, направен од готови делови, може да се состави за само 25 долари и му дава пристап на хакерот до терминалот.
На овој начин терминалот на Starlink е компромитиран и компанијата не може да го поправи. За среќа, намерата на хакерот не беше да го компромитира Starlink туку да ја покаже ранливоста на инфраструктурата.
Поради леснотијата со која хакерот Ленерт Воутерс успеа да ја преземе контролата врз терминалот на Starlink, компанијата излезе со соопштение во кое ги наведе сите безбедносни мерки на мрежата на Starlink и што значи хакирањето на Вотерс за корисниците, односно дека нема ризик за нив.
Сепак, документот ги повикува и другите да се обидат да го хакираат Starlink, а кој ќе успее и ќе го пријави проблемот на компанијата ќе биде награден со 25.000 долари.