Според наводите од новиот извештај, Xiaomi подготвува нов уред со 108MP главна камера, неговото кодно име е Gauguin Pro. Покрај тоа, компанијата работи и на Gauguin моделот, без Pro во името, со камера од 64MP.

Споменатите информации пристигнуваат од изворниот код за MIUI 12, кој открива дека двата телефона ќе имаат системи со четири камери на задната страна. Се очекува дека телефоните ќе бидат достапни глобално и дека ќе го покренуваат Qualcomm чипсети.

Кинескиот дојавувач Digital Chat Station потврди дека споменатите Gauguin модели пристигнуваат, но истакна дека нивните спецификации ќе варираат во зависност од регионот каде ќе се нудат. Засега има малку конкретни информации за телефоните, но се повеќе детали се очекуваат во следниот период.