Претходно оваа година, Honor 70 беше официјално претставен во Кина, а телефонот сега почна да се појавува на пазарите ширум светот.

Honor 70 претставува телефон од горниот среден сегмент на пазарот, а го краси чипсет Snapdragon 778G+ и поддршка за брзо полнење од 66 W.

Телефонот има 6,67-инчен OLED екран со FHD+ резолуција и поддршка за освежување од 120 Hz. На предната страна има и селфи камера од 32 MP.

На задната страна е систем за камера кој вклучува главен сензор од 54 MP Sony IMX 800 (големина 1/1,49 инчи со 1,0 μm пиксели), како и ултра-широк модул од 50 MP кој исто така функционира како макро камера, а има и сензор за длабочина од 2 MP.

Сè се напојува со батерија од 4800 mAh со поддршка за брзо полнење од 66 W. На планот на софтверот, телефонот работи со Android 12 со кориснички интерфејс Magic UI 6.1.

Honor 70 пристигнува во Crystal Silver, Emerald Green и Midnight Black бои, како и во комбинација со 8GB и 12GB работна меморија (RAM) и 128GB, 256GB и 512GB внатрешна меморија.

Не е познато дали сите опции ќе бидат достапни на глобално ниво, но комбинацијата од 8GB + 256GB има цена од околу 450 долари.