Во текот на претходните недели Huawei претстави неколку телефони од средниот сегмент, вклучувајќи ги и Huawei Y6p и Huawei Y8s моелите. Сега изгледа дека компанијата подготвува уште еден достапен телефон, под името Huawei P Smart S.

Според информациите на дојавувачот @evleaks, имаме прилика да ги видиме официјалните рендери на телефонот пред неговата објава. Судејќи според скиците, Huawei P Smart S има дизајн од предната страна со засек во облик на капка. Но, не е познато дали ќе го задржи 6,21-инчниот дисплеј како кај Huawei P Smart моделот.

На задната страна ќе се најдат три камери, со LED блиц. Главната камера од 13MP ќе биде надградена на 48MP, а останатите два сензора ќе бидат ултраширок и сензор за длабочина.

Иако не е потврдено, се верува дека Huawei P Smart S ќе го покренува Kirin 710 или MediaTek P серијата процесори. Телефонот се очекува во Emerald Green, Breathing Crystal и Midnight Black варијанти.