Кога ќе се спомнат телефоните на преклоп, или моделите со флексибилен екран, првата компанија на која повеќето мислат е Samsung. Сепак, минатата година Oppo го потресе пазарот со својот модел Find N, но тој беше достапен само во Кина.
Сега се чини дека Oppo подготвува неколку нови модели, кои ќе бидат наследници на оригиналниот телефон Find N, со кои компанијата ќе им конкурира на Samsung и неодамна објавените модели Galaxy Z Fold4 и Z Flip4.
Според неодамнешниот извештај, Oppo се подготвува да претстави два телефони на преклоп оваа есен, што ќе ја подели линијата Find N на две одделни линии (како серијата Galaxy Z).
Еден од телефоните би можел да биде Oppo Find N Fold и би бил директен наследник на минатогодишниот модел Find N. Другиот би можел да биде Find N Flip и би бил преклопен уред сличен на Galaxy Z Flip4.
Според извештаите, двата телефони се регистрирани во агенцијата EUIPO за интелектуална сопственост во Европа, што значи дека постојат големи шанси овој пат да ги видиме надвор од Кина.
Засега нема многу информации за споменатите телефони. Се очекува тие да бидат објавени со чип Snapdragon 8+ Gen 1 и можеби способни камери. Повеќе детали се очекуваат кога Oppo ќе го објави официјалниот датум на издавање на телефонот.
Поврзани артикли