Се повеќе информации сугерираат дека претстојниот смартфон на Samsung, Galaxy Note 21, ќе има предна камера „скриена“ под екранот.

Samsung во Јужна Кореја ги заштити имињата „UPC“ и „Under-Panel Camera“ што ќе се користат за екраните на смартфоните и телевизорите.

Нема гаранција дека новата технологија ќе биде дел од Note 21 моделот, но сè повеќе станува јасно дека Samsung работи на решение кое подразбира предна камера сместена под екранот. Кандидатот за ова решение е и Galaxy Z Fold 3.

Samsung не е единствената компанија која работи на ваков тип камери, бидејќи истото го направи и компанијата Oppo, која веќе претстави концептен уред што има селфи камера под екранот. Google и Xiaomi исто така работат на слични решенија.

Не треба да се заборави ни ZTE, чиј Axon 20 5G смартфон, исто така, има предна камера под дисплејот и веќе може да се купи во некои земји.

Можно е дека до крајот на оваа година ќе бидат претставени уште неколку смартфони од различни произведители со слична технологија.