Овој викенд Скопје ќе биде дел од еден од најголемите хакатони во светот, јубилејниот 10. NASA Space Apps Challenge, на кој секоја година учествуваат над 25.000 учесници од 200 виртуелни локации на пет континенти.

Предизвикот ќе почне денеска и ќе трае до 3 октомври. Го организираат Њуменс Бизнис Акцелератор и Фондацијата Голдилокс Скопје, а националната награда за освоеното прво место ќе биде патување во НАСА. Таква можност ќе имаат двајца учесници од победничкиот тим.

NASA Space Apps Challenge е бесплатен виртуелен натпревар, отворен за сите иноватори, програмери, дизајнери, претприемачи, научници, раскажувачи на приказни, креатори, градители, уметниции и технолози, кои организирани во локални тимови ќе работат 48 часа за да ги решат годинашните предизвици зададени од експертите на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА).

-Од своето основање во 2012 година, NASA Space Apps Challenge брои повеќе од 150.000 учесници од преку 150 земји, кои ги користеа отворените податоци на НАСА со цел создавање решенија што ќе го подобрат животот на Земјата и во Вселената, а настанот кај нас редовно се одржува од 2013 година со традиционална поддршка на Амбасадата на САД, како и локални компании, експерти, професори и ентузијасти, велат организаторите на хакатонот во Скопје.

Темата на настанот ќе биде „The power of ten”. Годинава, НАСА ќе одбележи десет неверојатни години на заедништво, соработка и решавање предизвици преку формирање на моќен тим од 10 меѓународни вселенски агенции, кои ќе работат заедно со цел Space Apps да биде достапен за уште повеќе заедници ширум светот.

-За секој Space Apps хакатон, експерите од НАСА презентираат предизвици со кои тие
реално се соочуваат на Земјата и во Вселената, а за време на натпреварот ќе може да комуницирате токму со креаторите и со тимови од други локации кои работат на
истиот предизвик со цел добивање дополнителни информации, разменување идеи и мислења. Предизвиците се вкупно 48, од повеќе различни области како AI/ML
(2), Apps (4), Data Organization (4), Game (3), Hardware (2), Knowledge (7), Moon (3), Risk (4), Science Applications (9), Space Travel (7), Youth-friendly (3), истакнуваат организаторите.

Во чест на 10-годишнината, НАСА додададе четири нови категории, а со тоа и можност
10-те победнички тимови од целиот свет да патуваат во NASA Kennedy Space центарот во Флорида и да проследат полетување на ракета.