Мобилните телефони се едни од највалканите предмети кои ги имаме во домот, па во време на ширење на коронавирусот треба да обрнете посебно внимание на нивната чистота.

Светската здравствена организација даде многу детали за правилното миење на рацете, која е најдобра заштита од инфекции, но доколку ги миете рацете па го земете телефонот, ништо не сте постигнале.

Еве како да го одржите својот телефон чист и да бидете сигурни дека сте ги отстраниле сите бактерии од него.

1. Исклучете го телефонот пред да почнете со чистењето.

2. Apple предлага да користите микрофибер ткаенина која ја употребувате за чистење на своите очила. Ако имате телефон кој е водоотпорен, можете да користите и топла вода и сапун, но избегнувајте на тој начин да ги чистите отворите на телефонот.

3. Apple и Samsung советуваат да не користите производи за чистење бидејќи тие можат да ја оштетат чувствителноста на екранот на допир. Разредете некое средство за чистење и бидете нежни кога го чистите екранот – избришете го телефонот и маската од сите страни.

4. Ако сте плашите дека ќе го оштетите екранот, купете заштита за екранот, а потоа бришете го телефонот преку заштитата бидејќи нејзе можете лесно да ја замените.

5. Измијте ги рацете пред и по користењето на телефонот пред да го допрете до лицето.

6. Ако често зборувате на телефон, користете слушалки наместо да го допирате телефонот до лицето. Сепак, чистете ги и слушалките бидејќи ни тие не се отпорни на бактерии.

Извор: Telegraf.rs